Англија
Аморим: Рашфорд послушал погрешен совет……..
Рубен Аморим неочекувано го прецрта Маркус Рашфорд за дерби пресметката со Манчестер Сити која се одигра пред една недела, па откако настана вистинска бура на оваа тема, португалскиот стручњак ја остави на сила истата одлука и на следните два меча.
Аморим го помилува Алехандро Гарначо, но Рашфорд остана во аут и за дуелите против Тотенхем и Борнмут, факт кој направи многумина да го прежалат напаѓачот и да пишуваат дека тој е минато на „Олд Трафорд“.
Големи се шансите дека Маркус ќе направи трансфер од матичниот клуб во претстојниот зимски преоден рок, а покрај првичната одлука на менаџерот, важна улога во оваа драматична ситуација одигра и самиот фудбалер со експлозивното интервју кое го одработи.
Рашфорд најави дека е подготвен за заминување и за нов предизвик надвор од Јунајтед, а моментумот во кој го направи интервјуто направи истото да биде топ тема во Англија.
Гледано од своја перспектива, Аморим смета дека Рашфорд добил лош и погрешен совет од некој кој е близок во неговиот тим, додавајќи дека споменатото интервју најверојатно не била идеја на самиот напаѓач.
– Ситуацијата со Рашфорд е навистина тешка. Знам дека играчи како него имаат голем број на луѓе околу себе, а тоа прави понекогаш да донесат одлуки кои не се нивни. Го сфаќам тоа и знам да направам разлика. Очигледно е дека добил погрешен совет…..
– Јас сум тука за да му помогнам, а истото важи за сите други играчи. Тоа што го прават надвор од теренот, јас не можам да го контролирам. Тие сами бираат кога да направат интервју, не зборувам само за Рашфорд, туку општо за сите. Како тренер, јас се фокусирам на него на перформансите и на начинот на кој тренира. За останатото, јас и клубот ќе се справиме кога ќе дојде време за тоа, – изјави Аморим во најновото интервју за „Скај Спортс“.
-
Светски првенства9 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија20 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства23 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија16 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија21 час
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија21 час
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Свет18 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска
-
Шпанија8 часа
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)