Поврзете се со нас

Англија

Аморим: Постоеше само една разлика меѓу Арсенал и Јунајтед

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Арсенал доста комотно се справи со Манчестер Јунајтед и победи со два гола од прекин, дел од играта кој полека прерасна во вистински специјалитет кога е во прашање тимот на Микел Артета.

Јунајтед одлично парираше во првиот тим и успеа да предизвика одредена нервоза на „Емирејтс“, но гостите ја препуштија иницијативата во продолжение, па иако беа добро поставени во игра, не најдоа решенија за варијациите кои ги има Арсенал при прекин играта.

Арсенал победи со 2:0 и успеа да ја намали разликата во однос на Ливерпул, а менаџерот Аморим заклучи дека и ова дерби му носи позитивни заклучоци за неговиот нов тим.

– Немавме доволно време за детално да анализираме и да работиме. Во овој почетен период, многу работиме на градење на акциите и веќе може да се види дека имаме структура. Се гледа идеајата во нашиот тим, се гледа врската меѓу стоперите и играчите за врска. Најмногу треба да коригираме во завршната третина од теренот, но тоа е дел кој е најтежок за поправање. Потребни се многу повеќе тренинзи за да се подобриме во нападот, потребно е време за да имаме повеќе идеи.

– Ќе направам анализа на ова дерби без оглед на резултатот. Го реков истото и по победата од 4:0 над Евертон. Треба да се извлечат позитивните работи, но има и многу работи за поправање. Го знаеме тоа, но не треба да се занемарат и добрите работи. Можеше да се почувствува на стадионот дека Арсенал не беше комотен против нас во првото полувреме. Тоа може да се почувствува кога сте блиску до трибините. Во најголем дел од мечот ги контролиравме добро, единствената разлика меѓу Арсенал и Јунајтед овојпат беа прекините. Постигнаа гол од прекин и моментумот се промени, а потоа беше тешко да го контролираме мечот. Главната разлика ја направија прекините, – заклучи Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни