Англија
Аморим посочи како Рашфорд може да го врати своето место во Јунајтед
Маркус Рашфорд едно време беше далеку најдобар играч на Манчестер Јунајтед, но во меѓувреме работите се променија и сега напаѓачот воопшто не добива шанса на неколку средби во низа, поточно се на наоѓа на списокот на менаџерот Рубен Аморим.
Рашфорд нема настап од соочување со Плзен во Лига Европа, односно беше изоставен од соочувањата со Манчестер Сити, Тотенхем и Борнмут и едноставно од ден на ден е се поизгледно дека е на излезна врата од „Олд Трафорд“.
Голем дел од јавноста смета дека нема враќање назад, ама менаџерот Рубен Аморим сепак остави простор за промена и посочи што треба Англичанецот да направи за да си го добие своето место.
-Да, ова е моја одлука. Сака да игра, се обидува. Кога ќе почувствувам дека е вистинскиот момент, ќе сменам нешто. Дотогаш ќе продолжам да размислувам што е најдобро за тимот. Зборувам со многу играчи поединечно за време на тренинзите, па се обидувам да ги правам работите на мој начин – тоа е единствениот начин што го знам. Ако не го сторам тоа, ќе се изгубам себеси. И нема да се изгубам себеси. Знам што правам, -вели Рубен кој смета дека оваа ситуација не е проблем за него и за екипата.
-Не, не мислам така. Ниту за мене, ниту за другите играчи бидејќи сите се таму за време на тренинзите. Тие разбираат. Тоа е клучната точка. Навистина сум фокусиран. Сите во Карингтон знаат за што зборувам и што сакам од Маркус и од сите други.
-Мора да биде како секој играч, да биде најдобар што може. Ако имате големи таленти, големи перформанси, голем ангажман, турнете ги сите напред. Некои имаат голема одговорност бидејќи се тука долго време. Ова е можеби еден од најниските моменти во нашиот клуб, па мораме да се соочиме со него и да бидеме силни. Тоа е она што го сакам за секој играч, -порача Аморим пред средбата со Вулверхемптон.
-
Светски првенства14 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија14 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
Светски првенства23 часа
Луд финиш во режија на браќата Душебајеви: Алекс погоди, Даниел спречи чист гол во последната секунда (Видео)
-
АТП12 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Шпанија24 часа
Ханси Флик: Ова е навистина неверојатно, секој натпревар ни се случува истото (Видео)
-
Германија11 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн