Поврзете се со нас

Англија

Аморим посебно пофали двајца играчи на Јунајтед по дебито во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим не дебитираше онака како што замислуваше во Манчестер Јунајтед, но дури и во таква ситуација, пронајде работи кои му се допаднаа од првиот меч во Премиер лигата.

Ремито со Ипсвич беше големо разоачрување за добар дел од навивачите на Јунајтед, меѓутоа ако се гледа реално, Јунајтед може и да биде задоволен од конечните 1:1 поради тоа што домаќините на двапати беа стопирани од извонредниот Андре Онана.

Голманот на Манчестер беше еден од двајцата играчи кои добија посебни пофалби од новиот менаџер, а вториот е младиот крилен напаѓач, Амад Диало.

– Амад беше многу добар. Во овие три изминати дена во кои тренираше целата група, тој се поправи многу во дефанзивен поглед. Знам дека се работи за еден меч, но тоа навистина беше така. Амад беше фокусиран на својот ривал и заврши одлична работа во дефанзивен поглед. Си го чуваше играчот кога имаше потреба за тоа, – изјави Аморим.

– Од друга страна, мислам дека на сите им е јасно дека Онана не извади во два наврати. Тој не спаси најмалку со две клучни одбрани. Покрај одбраните, имаше и многу точни долги топки, се обидуваше да го конектира тимот и задоволен сум од цела негова работа. Тој брзо ја сфати мојата идеја, – нагласи Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни