Поврзете се со нас

Англија

Аморим подготвен да му се довери на изненадувачкото засилување од Арсенал: Посебно ми се допаѓаат три работи

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим мора да носи и тешки и неочекувани одлуки во период кога неговиот тим се соочува со подеми и падови и доста неконстантна игра, меѓутоа дополнителен проблем му претставуваат и проблемите кои ги има во одбраната.

Големиот број повреди го натераа Португалецот да му даде шанса на Ајден Хевен кој беше ангажиран за младинскиот тим на Манчестер Јунајтед, но откако младиот играч извонредно се покажа на одиграни два меча во низа, Аморим сега е подготвен да му се довери.

Хевен дојде во зимскиот преоден рок како изненадувачко засилување од Арсенал, но Ајден сега брзо покажува дека станува збор за голем потенцијал, кој до израз дојде во второто полувреме против „топчиите“, но и на цел натпревар против Реал Сосиедад.

Талентираниот 18-годишен фудбалер доби предност пред Линделоф и покрај тоа што искусниот стопер беше достапен за игра, а Аморим сега вели дека Ајден ќе доби континуитет и против Лестер во Премиер лигата.

– Ако продолжи да игра и да работи како што тоа го правеше досега, ќе остане да игра за првиот тим. Тој е многу млад, не играше многу оваа сезона, но на последните два меча одигра 45, а потоа и 90 минути.

– Посебно ми се допаѓа неговата самодоверба, неговата брзина и начинот на кој се брани во шеснаесетникот. Тој уште сега е комплетен дефанзивец, но пред него е уште многу работа. Во Премиер лигата го очекуваат многу цврсти и несекојдневни фудбалери, ќе биде тестиран на различен начин, па затоа мора да го изменаџираме добро во оваа фаза од неговата кариера, – изјави Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни