Англија
Аморим побарал од Јунајтед да му обезбеди двајца играчи на ПСЖ
Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го засили тимот уште во јануарскиот преоден рок, но ограничениот буџет не овозможува поамбициозни потфати на новиот менаџер Рубен Аморим.
Сепак, под притисок на новата лоша резултатска серија, Португалецот инсистира на освежувања во тимот, а француските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ го контактирале ПСЖ не за едно, туку за две имиња од ростерот на Луис Енрике.
Аморим смета дека во нападот има потреба од играч како Рандал Коло Муани, францускиот репрезентативец за кого е најавено дека нема сериозна иднина во ПСЖ и за кого неговиот актуелен клуб веројатно би се согласил на трансфер за разумна сума.
Французинот посакува да игра во Премиер лигата и Манчестер Јунајтед би бил навистина атрактивна опција, посебно во ситуација кога ќе сака да се докаже во толку квалитетна лига.
Многу потешка мисија за премиерлигашот е Нуно Мендеш, фудбалерот кој е посебно почитуван од Аморим и има само 22 години, но засега и самиот нема донесе одлука за својата иднина. Мендеш има договор со ПСЖ до 2026 година и тоа го прави подостапен за други клубови, но во овој случај и францускиот шампион не сака лесно да се откаже од неговите услуги и ќе се обиде да го убеди да потпише нов договор.
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства20 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија17 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија23 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија20 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија19 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)