Англија
Аморим по новото разочарување со Јунајтед: Не сум загрижен…

Манчестер Јунајтед претрпе нов пораз во Премиер лигата, овојпат на гостувањето во Лондон кај Тотенхем каде клучен беше погодокот на Медисон во првото полувреме.
„Црвените резултати“ по новото одиграно коло паднаа на 15. позиција на табелата, односно клубот за првпат губи 12 натпревари по 25 рунди од сезоната 1973-74 кога воедно екипата испаднала во понизок ранг.
Под водство на Рубен Аморим англискиот великан има дури 8 порази во 14 лигашки средби што дефинитивно е катастрофлен учинок, но Португалец е мирен и не стравува дека може да заработи отказ.
-Не сум загрижен. Ги разбирам нашите навивачи, што мислат медиумите за тоа. Мразам да губам, тоа чувство е најлошо. За другото не размислувам. Тука сум да им помогнам на моите играчи. Ја разбирам мојата ситуација, мојата работа, сигурен сум во мојата работа и сакам само да победувам. Местото на табелата е мојата грижа, не сум загрижен за мене.
-Имам многу проблеми, мојата работа е толку, толку тешка овде. Но, јас се држам до моите верувања. Растеш и учиш многу работи. Треба само да се соочиме со тоа и да не бегаме, тоа е моето чувство. Денешниот ден ќе ве боли, тешка е болката да изгубите толку многу натпревари, но потоа можете да ги промените работите за една недела, -порача стартегот.
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет21 час
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација20 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет19 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан15 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)