Поврзете се со нас

Англија

Аморим планира да му ја врати капитенската лента на играчот од кој се откажа Тен Хаг: Тој е пример за сите

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим се справува со разноразни проблеми откако го презема Манчестер Јунајтед, но во подготовката за дербито со Њукасл, од самиот старт знае дека нема да може да смета на својот капитен.

Тоа е дополнителна главоболка во ситуација кога играта на Јунајтед навистина многу зависи од Португалецот, па во најавата за пресметката на „Олд Трафорд“, се појавија сериозни шпекулации дека капитенската лента може да се врати кај Хари Мегваер.

Стоперот кој беше практично отпишан од Ерик Тен Хаг добива далеку позначајна улога кај новиот менаџер, кој сега призна дека размислува да му ја врати капитенската лента на Англичанецот во отсуство на Бруно.

– Немам донесено конечна одлука, но тоа дефинитивно е опција. Ќе мора да почекате за да видите кој ќе биде капитен против Њукасл.

– Кога говориме за Мегваер, сакам да нагласам дека тој работи многу добро во секој поглед и максимално професионално си ја извршува задачата. Тој е фокусиран на тоа што го прави, сосема спротивно од она што се вели за него во јавноста.

– Никогаш не бара изговори, иако сите знаеме дека имаше тешки моменти во Јунајтед. Поради тоа, јас сметам дека тој е пример за сите останатите во тимот. Тој секогаш се става на располагање на тимот и се обидува да помогне на било каков начин, – потенцира Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни