Поврзете се со нас

Англија

Аморим откри дека Јунајтед му одбил едно барање пред да потпише договор: Добив понуда „сега или никогаш“!

Објавено

на

foto: x.com/SportingCP

Рубен Аморим ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед и веќе официјално се објави дека е наследникот на Ерик Тен Хаг, информација која самиот Португалец мораше да ја објаснува по вчерашната победа на Спортинг Лисабон.

Актуелниот португалски првак ја победи Естрела со 5:1 и продолжи со стопроцентниот учинок во домашното првенство, но по крајот на мечот никој не зборуваше за резултатот поради информацијата која пристигна од Англија.

Аморим вети дека ќе даде објаснување кога зделката ќе биде готова, па откако истата беше официјализирана, младиот фудбалски стручњак откри дека добил понуда „сега или никогаш“.

– Единственото нешто што го побарав од Манчестер Јунајтед беше да го напуштам Спортинг на крајот на сезоната. Уште кога почнуваше оваа сезона, им најавив на водечките луѓе дека ќе биде последна. Тие се тука и можат да ви го потврдат тоа. Не сакав да си одам сега, три дена се прашував што да правам. Сепак, од Јунајтед ми порачаа дека тоа што го барам не е возможно. Ми беше кажано дека ова е понуда „сега или никогаш“, па затоа морав да донесам одлука.

– Ако не прифатев, тие ќе бараат друга опција, па затоа имав само три дена да размислам добро за одлука која целосно ќе ми го промени животот. Тоа е она што го направив и на крај решив да ја прифатам понудата. Ова не е прва понуда за мене, претседателот може да ви потврди. Ова не е прва или втора понуда, имаше клуб кој нудеше три пати повеќе пати од Јунајтед. После Спортинг, сакав да испробам клуб како Манчестер Јунајтед, – открива Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни