Поврзете се со нас

Англија

Аморим откри дали ќе го купи најдобриот играч на Спортинг уште во јануари

Објавено

на

Foto:x.com/SportingCP

Рубен Аморим имаше задача да се соочи со новинарите по победата која ја оствари Спортинг над Естрела, неколку часа откако Манчестер Јунајтед официјално објави дека тој ќе биде нов менаџер на првиот тим.

Веста од Англија силно одекна во цела светска фудбалска јавност, па младиот португалски стручњак мораше да даде објаснување за целиот тек на преговори, онака како што вети пред неколку дена.

Аморим откри дека Јунајтед како клуб му поставил услов „сега или никогаш“ и затоа решил да ја прифати оваа понуда, но во разговорот со новинарите доби директно прашање и за најдобриот играч на Спортинг.

Виктор Ѓекереш поставува нови голгетерски стандарди во Португалија како главна ѕвезда на Спортинг, а сосема очекувано, новинарите ги интересираше дали Аморим ќе го повлече со себе во Јунајтед уште во јануари.

– Ѓекереш чини 100 милиони евра и тешко дека ќе има било каква операција. Ви кажувам отворено, нема да повлечам со себе ниту еден играч од Спортинг во јануари. Имав незаборавни четири години во овој клуб и секогаш ќе бидам благодарен за тоа што го искусив, – изјави Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни