Поврзете се со нас

Англија

Аморим: Очекував да ги добиеме сите натпревари на домашен терен

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим на секоја прес-конференција мора да зборува за актуелната криза во која се наоѓа Манчестер Јунајтед, а овојпат по ремито со Евертон и во пресрет на дуелот со Ипсвич.

Португалскиот стручњак признал дека очекувал многу подобри резултати, посебно на домашен терен, а зборувал и за клучните проблеми во тимот.

– Кога пристигнав, односно кога ја прифатив работата, очекував дека ќе победиме на сите натпревари на домашен терен.

– Навивачите се неверојатни и не чувствуваме голем притисок, а секој натпревар е шанса за нова приказна.

– На фудбалерите им е јасно дека и на последниот натпревар не работевме доволно на теренот, а тоа не се подобри којзнае колку и во вториот дел.

– За жал нема промени во однос на повредените играчи и ќе располагаме со истиот состав, – објаснил Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни