Поврзете се со нас

Англија

Аморим објасни зошто го извади Зиркзе по половина час игра против Њукасл

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим најави дека ќе мора да носи и многу непопуларни одлуки како менаџер на Манчестер Јунајтед уште при самото пристигнување во клубот, но серијата од четири порази во низа направи да видиме и една одлука која многу лошо се одрази врз еден играч од првиот тим.

Португалскиот менаџер реши да го извади Џошуа Зиркзе по половина час игра на „Олд Трафорд“, а тоа ги осоколи навивачите брутално да го исвиркаат големото летно засилување кое засега воопшто не ги оправдува вложените средства.

Холандскиот напаѓач доби понижување на домашен терен и сцените беа навистина непријатни за гледање, па Аморим како менаџер почувствува потреба и да ја објасни својата тешка одлука во средбата со новинарите.

– Во вакви ситуации, прва работа на која мислам е тимот. Но, исто така мора да се мисли и на фудбалерот кој сигурно страда во ваква ситуација. Бев дел од спортот како играч до пред само неколку години и знам како одат овие работи.

– Тимот страдаше на стартот и примивме два гола, сметав дека ми е потребен дополнителен играч за врска за да имаме повеќе контрола на топката. Го добивме тоа со Коби Маино кој влезе на местото на Зиркзе. Ќе бидам искрен, ми беше навистина многу тешко да донесам таква одлука, по натпреварот зборував и со Зиркзе бидејќи сметав дека е важно да му ја пренесам мојата порака. Ќе повторам уште еднаш, јас секоја одлука ја носам за тимот, а во тој момент најдобро беше Зиркзе да биде повлечен од игра, – објасни Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни