Поврзете се со нас

Англија

Аморим објасни зошто го извади Бруно во ситуација кога Јунајтед бркаше израмнување

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим многу брзо дозна дека нема да има воопшто лесна работа на „Олд Трафорд“, бидејќи една недела по уверливата победа против Евертон, неговиот тим запиша два последователни порази.

Дерби поразот од Арсенал на „Емирејтс“ беше надополнет со непријатен неуспех на домашен терен во дуелот со Нотингем Форест, по што самиот португалски стручњак им порача на фановите дека патот до успехот ќе биде долг и макотрпен.

– Ова беше тежок меч за нас, а негативно беше што почнавме навистина на многу лош начин. Примивме гол од првата акција и веднаш почнувате да играте со сомнежи. Сепак, успеавме да се поправиме, ги контролиравме нештата на теренот и израмнивме. На полувреме бевме цврсто решени дека одиме по победа, а потоа следеше нов шок. Примивме два гола, а потоа се обидовме да креираше шанси без да користиме многу квалитет. Брзавме во низа ситуации и не создадовме вистински шани.

– Ми беше јасно уште кога дојдов, патот ќе биде долг. Се подобруваме во одредени аспекти, но мора да победуваме за самодоверба и за фановите. Со победи ќе се подобриме како тим. Се наоѓаме на старт на нешто големо и сега обрнуваме внимание на секој детаљ. Мора напорно да работиме за да дојдеме до тоа што посакуваме, – изјави Аморим, кој даде објаснување и за измената на Бруно Фернандеш во ситуација кога Јунајтед бркаше израмнување за 3:3, и тоа во ситуација кога сонародникот беше најдобар играч на теренот.

– Бруно беше преморен и тоа беше единствената причина. Имаше акумулиран замор од дербито со Арсенал, а сакав да му дадам шанса и на Мејсон Маунт на таа позиција во средниот ред. Сакав да видам комбинации меѓу него, Зиркзе и Хојлунд, – откри Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни