Поврзете се со нас

Англија

Аморим нема доверба во Онана и Бајиндир, клубот мерка поранешен голман на Арсенал

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Њукасл, а фановите и медиумите му дадоа многу слаба оценка на голманот Алтај Бајиндир.

Турскиот интернационалец конечно доби шанса да дебитира во Премиер лигата и да го замени Андре Онана, но на крајот донесе само повеќе главоболки за менаџерот Рубен Аморим, кој сега е незадоволен од формата на двајцата голмани.

Онана беше одморен по катастрофалното издание на дуелот со Лион во Лига Европа, а Бајиндир не ја искористи шансата и иницирал потрага по нов голман за клубот од „Олд Трафорд“.

Медиумите тврдат дека Јунајтед размислува за Арон Рамздејл, односно за актуелниот голман на Саутемптон, кој по крајот на сезонава ќе бара нова средина и сигурно нема да прифати да настапува во Чемпионшип.

Поранешниот голман на Арсенал сака да остане во Премиер лигата и да биде во конкуренција за место и во англиската репрезентација, а скаутите на Јунајтед ги следеле неговите последни настапи и се убедени дека може да биде решение за голманската позиција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни