Поврзете се со нас

Англија

Аморим: Не сум наивен, знам дека…

Објавено

на

foto: x.com/SportingCP

Рубен Аморим со победа во дербито со Брага ја заврши својата успешна приказна со Спортинг Лисабон и сега ќе може да се фокусира на новиот предизвик во кариерата, менаџерската позиција во премиерлигашот Манчестер Јунајтед.

Аморим имаше супер игра и резултати со Спортинг, ама сетоа тоа ќе се заборави затоа што влегува во друга мисија, клуб кој е великан, но и кој е во криза долго време, па дефинитивно го очекува тешка задача на „Олд Трафорд“.

-Се чувствувам подготвен за новиот предизвик. Не сум наивен, знам дека ќе биде многу поинаку, многу тешко. Сега сум во мир, можам да се фокусирам на мојата нова работа.

-Знам дека ќе биде тешко да го репродуцирам она што го имам овде на друго место, но има и други места со различна изложеност и притисок… Ова беше фантастична авантура. Се извинувам за оваа одлука на средината на сезоната, но чувствував дека е мое време и мој начин, -порача Рубен по последниот натпревар на клупата на Спортинг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни