Англија
Аморим: Не сум наивен, се бориме за нашата работа…

Рубен Аморим го презема Манчестер Јунајтед во месец ноември и иако со голем оптимизам, енергија беше дочекан на „Олд Трафорд“ овој изминат период не го донесе она на кое сите се надеваа во таборот на премиерлигашот.
Играта, резултатите не се на посакуваното ниво, па Аморим полека го чувствува притисокот и е свесен дека доста работи мора да се променат на подобро до крајот на сезоната затоа што во фудбалот брзо се менуваат работите без разлика на договорот што го има и кој вели дека треба да остане во Јунајтед до 30 јуни 2027 година.
-До лето се бориме за нашите работни места. Знаeв кога ја избирав оваа професија дека има ризик од резултат и знаев кога дојдов овде, го гледам распоредот, го гледам тимот и ја разбрав мојата одлука да сменам се на сред сезона без нови засилувања, тоа е опасност за тренерот.
-Но, уште од првиот ден, со добри или лоши резултати, имам јасна претстава за тоа што сакам да правам и ги преземам овие ризици бидејќи на крајот мислам дека ќе се исплати. Не сум наивен, тоа го кажав многу пати, ова е резултатски спорт и ние сме во тешка ситуација, -истакна стратегот пред утрешниот меч со Лестер во ФА Купот.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија8 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 19 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)