Англија
Аморим не можеше да поверува што гледа: Антони требаше да ја смести топката во празната мрежа, но…(Видео)

Манчестер Јунајтед направи пресврт против „фенерџијата“ во Премиер лигата благодарение на Амад Диало, но пред да дојде до хет-трикот на разиграниот крилен напаѓач, навивачите на „Олд Трафорд“ беа сведоци на едно нестварно промашување.
Антони никако не успева да го прекине проклетството и продолжува со својата слаба форма во дресот на англискиот великан, но утката која ја режираше вчера против Саутемптон сигурно ќе го прогонува подолго време.
Алехандро Гарначо извонредно проигра на втора статива каде беше осамениот Антони, но наместо Бразилецот да ја смести топката во празната мрежа, тој изреагира како противнички дефанзивец.
Антони ја додаде топката до Рамздејл и упропасти стопроцентна шанса за Јунајтед, па сосема очекувано се најде на „ѕидот на срамот“ на социјалните мрежи.
Крилниот фудбалер е предмет на голем потсмев поради промашувањето кое го имаше, а фановите почнаа да се шегуваат дека Јунајтед би имал поголема корист од него ако почне да игра во одбрана.
Вчудоневиден од утката на Антони беше и менаџерот Рубен Аморим, а доказ за тоа е реакцијата која ја имаше по целата ситуација на теренот.
Antony couldn’t find the net after Alejandro Garnacho had set up this chance for the substitute 😬#MUNSOU pic.twitter.com/P7g0jV2Pzj
— Premier League (@premierleague) January 16, 2025
Видеото погледнете го ТУКА
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија24 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига24 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија22 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)