Англија
Аморим не ја губи насмевката по драмата со Тотенхем: Загубивме поради тоа што се „исклучивме“
Четири дена по големата победа над Манчестер Сити, тимот на Рубен Аморим загуби во фудбалски спектакл со Тотенхем во Лига Купот, па така Португалецот беше елиминирн од првото Куп натпреварување како менаџер на Манчестер Јунајтед и остана без шанса да се бори за еден од четирите трофеи.
Во вистинска луда претстава во второто полувреме, Јунајтед се врати од три гола негатива и изгледаше како тим кој е блиску до израмнување, но лошата проценка на голманот Бајиндир направи Сон да постигне гол од корнер за 4:2, момент кој се покажа како клучен за поразот (4:3).
Аморим како предводник на тимот одби да ја префрли одговорноста кај младиот голман, нагласувајќи дека клучен за поразот бил лошиот старт на вториот дел кога неговиот тим прими два гола.
– Ние победуваме заедно и губиме заедно. Не се работи за индивидуални грешки, ние сме тим и можевме да победиме и покрај сите примени голови. Го контролиравме поседот, мислам дека бевме подобар тим во голем дел од натпреварот, а мали детали ја направија разликата.
– Се исклучивме за осум минути на стартот на вториот дел и беше многу тешко да се вратиме од тоа. Тоа беше клучен период, иако момците направија се за да се вратат во мечот. Бевме навистина блиску до израмнувачки гол, одговоривме и после четвртиот гол, но на крајот не направивме доволно за да се најдеме во полуфиналето, – изјави Аморим.
-
Италија19 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП18 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Италија8 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Европски првенства23 часа
Важно предупредување за македонската „Фаланга“: Не смеат да го внесуваат знамето од Кутлеш во салата во Вараждин (Фото)
-
Шпанија22 часа
Ханси Флик опомена еден играч кој не добива шанса: Не е истиот после повредата
-
Шпанија23 часа
Шпанската полиција уапси фудбалер на Севилја: Намерно добивал жолти картони, му се заканува и затворска казна
-
Англија17 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ: Испраќањето на Надал беше некоректно, жалам што не бев до него