Поврзете се со нас

АТП

Аморим не исклучува заминување на Гарначо: Може да биде многу подобар играч

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Алехандро Гарначо го одигра цел натпревар против Ренџерс и беше еден од поактивните играчи на Манчестер Јунајтед, но и покрај доброто издание, Рубен Аморим призна дека неговото место во тимот не е загарантирано.

По победата од 2:1, менаџерот на Јунајтед доби низа прашања за иднината на младиот Аргентинец, кој веќе некое време се поврзува со Наполи, но за кого во последните 24 часа интерес пројави и Челси.

Манчестер Јунајтед сака да инкасира измеѓу 60 и 70 милиони евра и за таа сума ќе дозволи трансфер на Гарначо, а сега и самиот Аморим призна дека нема да му ја затвора вратата доколку дојде до такво нешто.

– Не знам што ќе се случи со Гарначо, мора да се фокусираме само на тоа што го имаме во моментов. Навистина не може да знаеме што може да се случи до крајот на преодниот рок. Има уште повеќе од една недела и се може да се случи до крајот.

– Јас сум фокусиран само на играчите кои се достапни, а Алехандро се уште е играч на Манчестер Јунајтед. Тој беше многу важен за нас против Ренџерс, па сега останува да видиме што ќе се случи во наредните неколку дена.

– Јас гледам да му помогнам на било каков начин и сметам дека може да се подобри во сите аспекти од играта, може да биде многу подобар играч. Тој и во 90-та минута трчаше и се обидуваше да му помогне на тимот на било каков начин. Понекогаш покажува и фрустрација, но тоа е бидејќи бара повеќе од себе и од тимот. Има потенцијал да биде многу подобар, јас сум тука да му помогнам, но на крајот тој треба да ја заврши работата на теренот, – вели Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни