Поврзете се со нас

Англија

Аморим не го вклучи во својот тим, Ван Нистелрој се одјави со неколку реченици (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим по крајот на последниот меч кој го одработи како тренер на Спортинг Лисабон најави дека ќе мора да одработи состанок со Руд Ван Нистелрој пред да донесе конечна одлука за неговата иднина, но веќе во понеделник попладне стана јасно дека за легендата нема место во стручниот штаб на Португалецот.

Аморим не го вклучи Руд во својот тим и допрва ќе даде објаснување за оваа своја одлука, но пред да дојде до тоа, во меѓувреме доста популарна стана кратката одјавна епизода на Ван Нистелрој.

Некогашниот напаѓач го водеше Јунајтед на четири натпревари како привремен менаџер, а мора да се признае дека играчите воспоставија извонредна конекција со Холанѓанецот и успеаја да запишат три победи и едно реми на четири натпревари.

– Ова беше преубав момент. Се вратив во клубот и почнав да работам, потоа го водев на четирите натпревари, сите на домашен терен.

– Имавме добри резултати, а постигнавме и неколку убави голови. Чувството е посебно, ме гледаа и мојот татко и мојот син. Ова беа фантастични моменти за мене, – порача Руд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни