Англија
Аморим: Нашата цел е да ја освоиме Премиер лигата
Рубен Аморим се уште има проблеми да го стабилизира Манчестер Јунајтед што и не е некое изненадување затоа што беше јасно дека ќе му биде потребно некое време да ги спроведе неговите идеи, тимот да одговори на она што го посакува.
Ама од друга страна е јасно и дека е Јунајтед е голем тим чии навивачи очекуваат добри резултати, борба за титули, враќање на победнички патеки. Аморим е амбициозен и се надева дека ќе може да донесе успеси, па кон тоа води и неговиот став дека нема намера да ја жртвува Премиер лигата за Лига Европа од каде некои сметаат дека клубот од Манчестер многу полесно може да дојде до место во Лигата на шампионите.
-Како тренер не можам да се фокусирам само на тоа. Како можеме да видиме во идните титули, мислам дека нашата цел е да ја освоиме Премиер лигата. Се разбира, можете да направите математика и разбирате дека за голем клуб како нас да биде во Лигата на шампионите е толку важно, а потоа можете да ја погледнете табелата и да видите дека од Лига Европа можеби е полесно да се земе ова. Но, не сум фокусиран на тоа – нашата цел е да ја освоиме Премиер лигата, а не само да одиме во Лигата на шампионите.
-Да се оди во Лигата на шампионите е важен момент, да се освои Премиер лигата тоа е навистина јасно. Но, за мене најважно е да победиме и да гледам нешто поразлично во тимот на секој натпревар, -порача Аморим.
Јунајтед во ПЛ веќе заостанува осум бода во однос на четвртопласираниот Манчестер Сити со кого викендов се соочува на „Итихад“.
-
Светски првенства9 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија20 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства22 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија15 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија21 час
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија21 час
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Репрезентација22 часа
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!
-
Свет18 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска