Поврзете се со нас

Англија

Аморим накратко објасни зошто Антони покажува сосема поинакво лице како член на Бетис

Објавено

на

Foto:x.com/RealBetis

Антони фудбалски се препороди во Бетис и изгледа целосно поразличен од изданијата кои ги имаше во Манчестер Јунајтед, клуб во кој едноставно никако не успеваше да се наметне и да ги оправда големите средства кои се вложија за него.

Откако целосно исчезна од ротацијата на Рубен Аморим, Јунајтед му дозволи на Бразилецот да си пронајде нова средина во зимскиот преоден рок, а засега позајмицата во Бетис се покажува како полн погодок за клубот, но и за самиот фудбалер.

Антони воодушевува со полетноста и со леснотијата со која игра во шпанската Ла Лига, првенство кое очигледно многу повеќе му одговара од англиското.

Во разговор со Рио Фердинанд, Аморим се обиде да ја посочи главната причина за таквиот расплет, алудирајќи дека физичките предиспозиции на Антони не му дозволуваат да прави толку голема разлика во Премиер лигата.

– Кога играме против било кој тим во Англија, до израз доаѓа физичката сила. Многупати нема потреба да се креира нешто, доволна е една долга топка и една акција од втора за да бидете пред голот. Ако не сте физички надарен, тогаш многу е тешко за игра во Премиер лигата. Затоа на Антони му е многу подобро во Шпанија. Има повеќе фактори за таквиот расплет, но ве уверувам дека една од главните причини е физичкиот аспект, – потенцира Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни