Англија
Аморим му се заблагодари на Ван Нистелрој за „експлозијата“ кај еден играч на Јунајтед: Има мал раст, но голем талент
Маркус Рашфорд и Џошуа Зиркзе постигнаа по два гола во убедливата победа на Манчестер Јунајтед од 4:0, но на овој натпревар повторно блескаше и Амад Диало кој запиша две асистенции.
Младиот крилен напаѓач почна да добива значителна минутажа од Руд Ван Нистелрој за време на четирите меча кои ги водеше Холанѓанецот, но со ист став за Амад продолжи и Рубен Аморим кој реши да не го извади од стартната постава.
Засега, Диало возвраќа со одлични изданија и максимално залагање во одбрана и напад, по што Аморим повторно зборуваше за него по натпреварот против Евертон.
– Амад има мал раст, но станува збор за голем талент. Тој повторно заврши одлична работа, но најдобро е што може уште да се подобрува. Руд Ван Нистелрој му помогна многу за време на четирите меча на кои го водеше тимот, а Амад сега ми помага мене.
– Диало се наоѓа во многу добар фудбалски момент, но за тоа треба да му се заблагодариме на Руд. Неговиот момент започна со Руд, па сега јас користам од добрата работа која ја заврши Ван Нистелрој со него. Игра извонредно во напад, но помага постојано и во одбрана, – потенцира Аморим.
-
Светски првенства21 час
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Шпанија18 часа
Ендрик и Валверде воодушевија со два „проектили“, Реал потешко од очекувањата до четвртфиналето во Купот (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
ВТА23 часа
Тенисот доби женска верзија на Медведев: Можете да ми го бакнете задникот… (Видео)
-
Шпанија10 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Англија19 часа
Јунајтед беше во нокаут до 82. минута, Диало спречи срам на „Олд Трафорд“ со хет-трик за паметење (Видео)
-
Шпанија20 часа
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)
-
Свет22 часа
Португалските власти пронајдоа еден тон нелегална морска храна кај поранешен играч на Реал