Поврзете се со нас

Англија

Аморим му пресуди на Рашфорд: Тоа што не е дел од тимот значи само едно (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Маркус Рашфорд на четврти натпревар во низа остана неселектиран од менаџерот Рубен Аморим, а бруталната изјава која ја даде Португалецот по поразот на „Молину“ сигурно најдобро ја опишува ситуацијата во која се наоѓа англискиот репрезентативец.

Новиот предводник на „ѓаволите“ реши да употребува навистина ригорозен третман кога е напаѓачот во прашање, но како што вели самиот, тоа е така поради недоволната професионалност која ја гледа кај својот фудбалер.

Рашфорд денеска по четврти пат едноподруго остана надвор од тимот и беше оставен дома од Аморим, кој како што посочи по крајот на мечот, тоа нема да се промени доколку не види некоја промена во залагањето и пристапот кај Маркус.

– Секогаш е истата причина. Мора да останеме професионалци во било каква ситуација. Мора да останеме истите и во победа и во пораз. Кога губиме, мора да бидеме уште посилни. Ќе продолжам со мојата идеја до самиот крај, – му порача Аморим на новинарот, кој потоа доби потпрашње кое новинарот самиот си го одговори.

– Ако не е тука, тоа значи дека не покажал ништо поразлично?, – праша новинарот, по што Аморим му одговори.

– Ако не е дел од тимот, можеш самиот да носиш заклучоци…….

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни