Поврзете се со нас

Англија

Аморим му одговори на Рашфорд и му понуди друго решение на напаѓачот

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим се израдува на големата победа над Манчестер Сити во големото градски дерби, но португалскиот стручњак се уште го прогонува одлуката која ја донесе пред натпреварот.

Елиминацијата на Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо поради недоволно залагање на тренинзите предизивка вистински потрес во Англија, па иако оваа одлука на Аморим беше одобрена од сите легенди на клубот, истата посебно негативно влијаеше врз англиската ѕвезда.

Дел од англиските медиуми почнаа да пишуваат дека Рашфорд е ставен на трансфер листата, но за кулминација на целата драма се погрижи самиот напаѓач, кој вчеравечер истакна дека е подготвен за ново искуство и нов предизвик во кариерата.

Изјавата на Рашфорд сосема очекувано беше топ тема на прес-конференцијата која ја одржа Аморим денеска, со тоа што Португалецот остана максимално мирен и сталожен, нудејќи му едно интересно решение на својот напаѓач.

– На волку голем клуб, потребни му се таленти како Рашфорд. Тој е голем талент, но мора да има перформанси на највисоко можно ниво. Тоа е мојот главен фокус, јас само сакам да му помогнам на Маркус. Сакам да го извадам најдоброто од него, но и од сите други играчи. Нема да зборувам за иднината на играчите, јас сакам да зборувам за сегашноста.

– Моја работа е да го извадам најдоброто од нив, сакам да направам тимот да изгледа подобро. Ние сме подобар тим со Рашфорд, а ние се обидуваме да го притиснеме Маркус да го извади најдоброто ниво кое го прикажуваше порано. Кога зборува за нов предизвик, тоа може да се гледа и од друг агол, тој предизвик може да го добие и тука. Ние тука сме пред нов предизвик, огромен предизвик бидејќи се наоѓаме во тешка ситуација во еден од најголемите клубови во светот. Ова навистина е нов предизвик и се надевам дека сите играчи се подготвени за истиот, – изјави Аморим, кој сепак не сакаше да потврди дека Рашфорд ќе биде дел од утрешното четвртфинале со Тотенхем во Карабао Купот.

– Имаме уште еден тренинг денеска, но правилото е исто за сите. Носам заклучоци и одлуки од тоа што го гледам на тренинзите. Ќе видиме како ќе заврши тренингот. Го очекувам најдоброто од сите играчи, па конечната одлука ќе ја донесам после денешниот тренинг, – потенцира Рубен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни