Поврзете се со нас

Англија

Аморим му испорача една јасна забелешка на Хојлунд по двата гола во Лига Европа

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Расмус Хојлунд учествуваше во трите гола на Манчестер Јунајтед во пресметката со Бодо Глимт, па иако тоа му донесе МВП статус на „Олд Трафорд“, новиот менаџер Рубен Аморим му испорача и една јасна забелешка на својот напаѓач.

Португалскиот стручњак пристигна со цел да поправи голем број работи на театарот на соништата и вчера се израдува на првата победа на овој стадион, а клучен фактор во исполнување на таа цел беше токму Хојлунд.

Данецот се избори за првиот гол кој го постигна Гарначо, за потоа да постигне два гола во мрежата на гостите во ситуација кога Јунајтед губеше со 1:2.

Јунајтед освои важни бодови во Лига Европа и одлична вест за самодовербата на Хојлуд се двата постигнати гола, но Аморим смета дека младиот напаѓач има уште работа пред себе.

– Хојлунд беше „мртов“ на крајот, но тоа беше нормално после напорот кој го имаше. Тој ја поправи конекцијата во градењето на акциите и беше одличен пред голот.

– Сепак, мислам дека има се уште доста простор за напредок. Сметам дека на моменти има премногу контакти со топката во своите нозе, некогаш не се ослободува навреме од неа. Но, кога сме во низок блок, тој е човекот кој може да ја задржи топката за нас и да го конектира тимот кога сме во транзиција. Што се однесува до нападот, беше доволно агресивен и покажа квалитет. Ми изгледа како играч кој секогаш ги дава потешките голови, но има време за учење. Заврши одлична работа, но треба уште доста да се поправи, исто како сите останати во тимот, – изјави Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни