Англија
Аморим: Моето мислење за Бруно е поважно од тоа на Кин

Рубен Аморим се вклучил во дебатата која ја отвори Рој Кин, уште еднаш јавно критикувајќи го актуелниот капитен на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.
Во подкаст гостувањето кај Гери Невил, Кин упати многу критики за Португалецот, потенцирајќи дека неговиот талент не е доволен и тој не е доволно борбен, ставајќи го во група на фудбалери кои не заслужуваат да го носат дресот на Јунајтед.
Кин и Рајт во жесток дуел на тема Бруно Фернандеш: Талентот не е доволен (Видео)
Менаџерот Аморим застанал во одбрана на Фернандеш во пресрет на ФА куп настапот на Јунајтед.
– Слушнав за тоа, јас имам поинакво мислење, Бруно е многу важен за тимот и посебно за мене. Игра добро во комплицирани околности и секогаш презема одговорност.
– Знам дека понекогаш прави гестикулации со рацете и ги критикува соиграчите како капитен, но тоа најчесто се фрустрации собрани од последните неколку сезони.
– Кин е научен на повисоки стандарди, но сметам дека моето мислење по ова прашање е поважно од неговото, јас сум тренерот и мислам дека Бруно игра одлично, – рекол Аморим.
-
Англија23 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација14 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Светски првенства24 часа
Англија со нова победа без примен гол, прва радост за Албанија
-
Свет13 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија15 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 113 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Шпанија14 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Свет13 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!