Поврзете се со нас

Англија

Аморим: Манчестер Јунајтед ќе се бори за трофејот во Лига Европа

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед има многу проблеми и по доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим, но тој е убеден дека премиерлигашот може да се бори за трофејот во Лига Европа.

Вчерашната победа му обезбеди место на премиерлигашот кое значи директен пласман во осминафиналето на европскиот куп, а португалскиот стручњак смета дека треба да се искористи шансата да се брка барем еден трофеј сезонава.

– Мора да одиме натпревар по натпревар и да пробаме да го освоиме трофејот.

– Ние во стручниот штаб и фудбалерите имаат одговорност, без разлика на контекстот, дел сме од Манчестер Јунајтед и секогаш треба да се бориме за освојување трофеј.

– Кога ќе се најдеш во оваа фаза на некое натпреварување, се е можно, а момците треба да покажат дека можат да победат било кого. Добра вест е што нема да играме дополнителен плејоф, бидејќи тоа ни дава повеќе време да ги подготвуваме следните натпревари, – рекол Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни