Англија
Аморим лут по ремито со Ливерпул: Сега уште повеќе треба да бидеме разочарани
Манчестер Јунајтед направи исчекор во вистински правец на дерби пресметката против Ливерпул која се одигра на „Енфилд Роуд“, бидејќи храброто издание малку фалеше да биде наградено со победа и три бода.
Хари Мегваер промаши зицер во самата завршица за 2:3 и ја испрати топката над голот на Алисон, но со оглед на тоа каква аутсајдерска улога му се даваше на Јунајтед пред дербито, конечните 2:2 изгледаат и тоа како добро за Рубен Аморим.
Менаџерот на Јунајтед ја прекина серијата од четири последователни порази во низа, но вели дека ремито со Ливерпул го прави повеќе лут од сите претходни порази.
– Мислам дека сум повеќе лут од сите претходни натпревари заедно, ова издание прави уште потешко да сфатам некои работи околу тимот. Не се работи за системот, не се работи за техника, се работи за нешто повеќе.
– Освоивме само бод, но сметам дека треба да бидеме лути и разочарани, особено поради тоа што немавме вакви перформанси на натпреварите против Борнмут, Њукасл и Нотингем Форест. Вакво издание против Ливерпул ме прави уште побесен за лошата слика која ја прикажавме на тие натпревари, ова прави уште потешко да ги сфатам работите кои се случуваат во тимот, – изјави Аморим.
Повеќе од очигледно, на играчите на Јунајтед не им недостасуваше мотивација да дадат се од себе против лутиот ривал Ливерпул, но Аморим смета дека вакви партии треба да се повторуваат на секој меч, без оглед на ривалот кој го имаат на спротивната страна.
-
АТП15 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија24 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија22 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
АТП23 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија13 часа
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
Шпанија14 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
АТП19 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
АТП20 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)