Поврзете се со нас

Англија

Аморим: Јунајтед и без ЛШ може да ги привлече најдобрите играчи на светот

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед ги загуби сите битки на домашната сцена, односно беше елиминиран од ФА и Лига Купот, додека во Премиер лигата е на катастрофалното 14. место и ќе треба многу работи да се случат за да некако успее да избори барем некаков пласман во европските купови во наредната сезона.

Реално единствената шанса да дојде до место во ЛШ е да ја освои Лига Европа, натпреварување во кое во осминафиналето ќе ги одмери силите со Реал Сосиедад.

Менаџерот Рубен Аморим е свесен дека многу работи можат да се променат ако тука слават, го освојат пехарот, но според него нема да биде ништо трагично и да не успеат затоа што верува дека Јунајтед и без ЛШ е привлечен за најдобрите играчи на светот.

-Мислам дека тоа не е клучна работа за иднината на клубот. Тоа е мојот став. Тука сум три месеци и мислам дека тоа е јасно, но разбирам дека е голема разлика во нашата сезона. Особено затоа што сме надвор од куповите и во лоша позиција во лигата, тоа може да промени многу работи, дури и начинот на кој тие го гледаат тренерот.

-Значи, знам дека тоа е големо, но ќе кажам уште еднаш, Манчестер Јунајтед може да ги има сите најдобри играчи без Лигата на шампионите во иднина. Мораме да промениме многу работи и се обидуваме да го направиме тоа. Има поважни работи од освојување купови во овој момент, тоа е моето чувство, но разбирам дека освојувањето на Лига Европа може да промени се за нас во следната сезона, -истакна Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни