Англија
Аморим: Јунајтед е голем клуб, но не и голем тим
Рубен Аморим е свесен за предизвикот кој му го донесе преземањето на менаџерската функција во Манчестер Јунајтед и се обидува трезвено да ги анализира работите среде првата сезона во која ќе седи на клупата на премиерлигашот.
Во пресрет на новите обврски на неговите играчи во домашното првенство, Аморим зборувал отворено со новинарите и во свој стил испорачал неколку пораки, кои секако се најинтересни за големата фан база на клубот.
– Една работа е јасна. Манчестер Јунајтед е голем клуб, но во моментов не и голем тим. Свесни сме за тоа и не е проблем да го кажеме отворено.
– Од друга страна, нашиот клуб е веројатно најголем во историјата на Премиер лигата, па проблем е што не сме на тоа ниво. Мора да се фокусираме на мали детали, со што ќе се подобриме како тим.
– Ако сакаме да ја освоиме титулата во Премиер лигата, мора да трчаме како збеснати кучиња. Дури и најдобрите единаесет на планетава не можат да освојат ништо ако не трчаат многу на теренот, – рекол Аморим.
Јунајтед по поразот од Арсенал ќе се обиде да им се врати на победите на соочувањето со Нотингем Форест, a натпреварот се игра денеска од 18:30 часот.
-
Италија24 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства21 час
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија23 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Светски првенства9 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Италија19 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Шпанија9 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства10 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Англија14 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)