Поврзете се со нас

Англија

Аморим ја објасни разделбата со Рашфорд: Не гледаме на фудбалот на ист начин

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Маркус Рашфорд го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во редовите на Астон Вила, клуб кој ќе може да го откупи неговиот договор по крајот на сезоната.

Разделбата со напаѓачот стана неминовна откако менаџерот Рубен Аморим потврди дека тој не е во неговите планови сезонава, а менаџерот на Јунајтед сега зборувал и најотворено на оваа тема.

– Не можев да го натерам Маркус да игра фудбал на начин на кој јас преферирам и да тренира на начинот на кој јас предвидувам.

– Понекогаш има фудбалери кои соработуваат добро со еден тренер, но се однесуваат поинаку со друг тренер.

– Му посакувам се најдобро на Рашфорд и на неговиот менаџер Унај Емери, сигурен сум дека можат да остварат добра конекција бидејќи тој е квалитетен фудбалер.

– Работите не излегоа како што треба, понекогаш се чувствува тоа меѓу фудбалер и тренер, но тоа е нормално и не се чувствува првпат, – рекол Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни