Поврзете се со нас

Англија

Аморим излезе со загрижувачка изјава за играчите на Јунајтед пред големото дерби на „Енфилд“

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим многу брзо почна да го чувствува притисокот и се увери дека прифати да извршува една од најтешките работи во светот на фудбалот, па не чуди и фактот што во последно време се почесто излегува со брутално реални изјави кои откриваат во каква состојба се играчите кои ги тренира.

Јунајтед е во катастрофална серија од четири порази во низа пред денешното гостување на „Енфилд Роуд“, а ако се суди според изјавата која ја даде Рубем Аморим, фудбалерите ќе треба да направат драконска промена ова попладне за да не дозволат пораз од лутиот ривал Ливерпул.

– Кога пристигнав и кога го победивме Евертон 4:0, дел од новинарите почнаа да зборуваат и за топ 4 пласман. Јас уште тогаш објаснив дека очекувам тешки моменти во блиска иднина, но морам да признаам дека е доста потешко да се справите, отколку да зборувате за тоа. Тешко е да се носите со толку проблеми, лоши перформанси и порази.

– Играчите често покажуваат анксиозност и страв на теренот и мора да го искорениме тоа. Мора да се справиме со тоа и да го извадиме од играта на нашите играчи. Потребни ни се лидери на теренот во овој момент, потребни се играчи кои ќе истапат и кои ќе направат останатите да имаат подобри перформанси.

– Играчите се обидуваат, даваат се што имаат, но доста често се нервозни и анксиозни, се плашат да го играат својот најдобар фудбал поради ситуацијата во која се наоѓаме. Јас сум тука за да им помогнам, стравот ќе исчезне само ако почнеме да победуваме, – вели Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни