Англија
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите

Рубен Аморим брзо се соочи со новата реалност во Манчестер Јунајтед и беше принуден да бара различни решенија во тимот по низата лоши резултати, но во цел овој турбулентен период, се чини дека еден од најконстантните играчи на теренот е Мануел Угарте.
Уругваецот имаше блескав настап и против Ливерпул на „Енфилд Роуд“ и на моменти фасцинираше со својата смиреност и агресивност во средниот ред, квалитети кои Аморим вели дека не биле целосен пакет во деновите кога го тренирал во Спортинг Лисабон.
Португалскиот стручњак му беше тренер на Угарте и во Спортинг пред неколку години, но тоа што сега го начекал на „Олд Трафорд“ според него е нешто сосема друго.
– Угарте станува многу важен играч за нас и можам да кажам дека стана подобар играч со топката во нозе. Останува агресивен играч како кога беше во Спортинг, но забележал сериозен напредок со играта со топка поради тоа што го искуси во ПСЖ.
– Тој е од Уругвај и во неговата ДНК е да биде агресивен, но исто така и технички поткован. Тој е добар пример за сите останати во тимот, бидејќи делува навистина сигурно на многу тешка позиција на теренот, – вели Аморим.
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)