Поврзете се со нас

Англија

Аморим издвои еден играч на „топчиите“ пред дербито во ФА Купот: Со него Арсенал е друга екипа

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Арсенал против Манчестер Јунајтед е најинтересниот пар во ФА Купот, дерби соочување по кое еден тим ќе мора да се збогува од натпреварувањето и тоа уште во раната фаза.

Средбате е закажана за в недела од 16 часот на „Емирејтс“, домаќините на хартија дефинитивно ја имаат предноста, се фаворити, меѓутоа навистина е тешко да се каже кој има предност во вакви соочувања особено кога се работи за Куп битки.

Гостинскиот стратег Рубен Аморим се надева на успех и место во наредната фаза до која според него ќе бидат поблиску ако најдат соодветно решение за еден играч на домќините, Мартин Одегард.

-Мислам дека тој е навистина посебен бидејќи неговото влијание на сите натпревари на Арсенал е импресивно. Играв против нив со Спортинг и тој не ги ги играше двата натпревари и го чувствувате тоа во тимот. Кога тој игра, Арсенал е друга екипа, -посочи Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни