Поврзете се со нас

Англија

Аморим избрал премиерлигашко засилување за Јунајтед во зимскиот преоден рок

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим веќе добил информација од раководството на Манчестер Јунајтед дека не може да очекува сериозен буџет за засилувања во првата сезона на клупата на „црвените ѓаволи“, но очигледно постои простор за одредени трансфер раздвижувања во јануари.

Таблоидот „Сан“ тврди дека португалскиот стручњак е сериозно заинтересиран за фудбалер на Волвс, односно засилување на позицијата лев бек, на која Лук Шо често отсуствува поради проблемите со повреди.

Се работи за Рајан Аит-Нури, алжирски фудбалер кој има договор со „волците“ до 2026 година и за кој и неговиот актуелен клуб веројатно полесно ќе прифати разделба со одредена отштета.

За Аит-Нури се интересира и Ливерпул, но Манчестер Јунајтед ќе биде конкретен со понудата и по секоја цена сака да го реши проблемот по левата страна, на која Алжирецот може да игра и поофанзивно.

Значајно за Аит-Нури е што веќе има 100 настапи во Премиер лигата и има сериозно искуство во оваа лига каде настапува од 2020 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни