Поврзете се со нас

Англија

Аморим испофалил „проблематичен“ фудбалер на Јунајтед: Тој се промени

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим се соочи со неколку специфични ситуации по доаѓањето во Манчестер Јунајтед, а меѓу нив беше и незадоволството од мотивираноста и посветеноста на двајца помлади фудбалери.

Маркус Рашфорд е веќе на излезна врата од клубот, но Алехандро Гарначо очигледно успеал да ја врати довербата на менаџерот и повторно може да се надева на сериозна минутажа во редовите на „црвените ѓаволи“.

– Не сметам дека неговиот напредок е поради мене, тој се промени уште од дербито со Сити.

– Почна да ги разбира работите и фактот дека сакам да му помогнам, го промени пристапот во моментите кога разговарам со него, начинот на кој се однесува во периодот по натпреварите и слично.

– Сега разбира дека понекогаш тренерот може да бара од фудбалерите нешто што на прва изгледа тешко и невообичаено, но сето тоа е во насока да победуваме што повеќе. Целата заслуга за пресвртот е негова и се надевам дека ќе може и натаму да се подобрува, – изјавил Аморим.

Аргентинецот беше поврзуван со трансфер во Наполи или Челси, но последните изјави на Аморим веројатно се најава дека постојат големи шанси Манчестер Јунајтед да го задржи Гарначо и да му овозможи нова шанса до крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни