Поврзете се со нас

Англија

Аморим: Имавме доста среќа против Сити, Јунајтед не може да игра ваков фудбал

Објавено

на

Foto:x.com/SportingCP

Рубен Аморим на најдобар можен начин се прости од „Жозе Алвеладе“ на последниот натпревар на домашен терен, бидејќи неговиот Спортинг успеа да профитира од дупките во одбраната на Манчестер Сити и да победи со убедливи 4:1.

Оваа победа на големо се славеше и во црвениот дел од Манчестер поради фактот што Аморим од понеделник ќе биде нов менаџер на Јунајтед, па сосема очекувано, многу прашања на прес-конференцијата одеа и во таа насока.

Аморим покажа голема почит за работата на Пеп Гвардиола и нагласи дека тој е многу подобар тренер од него, а призна и дека вчера неговиот тим имал голема доза на среќа во дуелот со Сити.

– Резултатот дава погрешна слика, имавме доста среќа во победата. Сепак, и покрај тоа, чувството и прославата со моите играчи беше навистина посебно. Знам дека во Премиер лигата ќе ме чека поинаков свет и оваа победа нема никаква врска со тоа што ме чека, таму ќе има друг притисок.

– Веќе кажав дека не може да се споредува една реалност со друга. Манчестер Јунајтед не може да игра вака. Во Јунајтед нема да може да се игра волку дефанзивно и ќе мора да се адаптирам. Тоа ќе биде целосно друг свет, поинаков тим и ќе почнеме од друга стартна точка, особено поради фактот што ќе немаме и многу време за тренинг, – изјави Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни