Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Аморим и Спортинг со лекција за Сити на Гвардиола, Ливерпул експлодираше во вториот дел

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SportingCP

Манчестер Сити доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Спортинг Лисабон (4:1), во натпревар кој има посебно значење поради дуелот на Рубен Аморим и Пеп Гвардиола, кој во иднина ќе се случува на англиско тло.

Англискиот шампион поведе уште на стартот со голот на Фоуден, но Португалците брзо се вратија во натпреварот.

Ѓокерес во 38. минута успеа да израмни, а на почетокот на вториот дел Араухо направи целосен пресврт. Ѓокерес со вториот гол зголеми на 3:1, а крај на надежите за гостите беше нереализираниот пенал на Халанд, со кој Сити ќе можеше да ја врати неизвесноста.

Наместо тоа, до крајот Ѓокерес комплетираше хет-трик од пенал за конечни 4:1 и резултат кој сигурно го слават и фановите на Манчестер Јунајтед.

Ливерпул не успеваше го пробие отпорот на Баер Леверкузен до вториот дел, но по голот на Диаз, работите беа многу полесни за „црвените“. Гакпо зголеми набрзина на 2:0, а Диаз до крајот стигна до хет-трик за конечни 4:0 во корист на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни