Англија
Аморим и Јунајтед ќе ангажираат поранешен играч на Сити уште во јануари
Рубен Аморим наскоро ќе ја преземе менаџерската функција во Манчестер Јунајтед, а клубот и португалскиот стручњак веќе размислуваат за евентуални засилувања во јануарскиот преоден рок.
„Црвените ѓаволи“ имаат време да ја подобрат својата позиција во продолжение од сезоната, но во ситуација кога повредите повторно имаат влијание и врз формата на екипата, раководството веројатно нема да штеди доколку има солидни опции во зимскиот преоден рок.
„Мирор“ тврди дека Аморим сака да го доведе Данило од Јувентус, односно поранешниот играч на Манчестер Сити, кој би бил засилување за одбраната во вториот дел од сезоната.
Актуелниот капитен на Јувентус го загуби статусот кој го имаше во ерата на Макс Алегри и не е во прв план кај Тиаго Мота, а најавите од Италија се дека „бјанконерите“ не планираат да му понудат продолжување на договорот.
Во јануари, Данило веќе може да почне преговори со други клубови, а во Јунајтед сметаат дека тоа е одлична опција да го доведат за евентуална минимална отштета додека не му истече договорот со италијанскиот клуб.
-
Шпанија23 часа
Маестро Модриќ му покажуваше на Мбапе каде да се движи на теренот, па испорача фудбалски деликатес (Видео)
-
Англија20 часа
Шок во Манчестер: Ретклиф го „шутна“ засилувањето од Њукасл по само пет месеци! (Фото)
-
Италија22 часа
Раниери откри зошто го закова за клупа капитенот на Рома
-
НБА21 час
НБА хит: Циркузантската тројка на Дончиќ „од паркинг“ со звукот на сирената (Видео)
-
Англија22 часа
Караницата меѓу Белингам и Арда предизвика ерупција на Реал во Каталонија (Видео)
-
Англија19 часа
Голем пресврт: Новинарот кој има инсајдерски информации за Салах го откри следниот чекор на Египќанецот
-
Англија12 часа
Палмер испиша историја во ПЛ, Челси со голем пресврт до славје во трилерот со Тотенхем
-
Шпанија9 часа
Лудница на „Метрополитано“: Гризман погоди во 94 минута, Атлетико го доби неверојатниот меч со седум погодоци (ВИДЕО)