Англија
Аморим: Губам повеќе и од Тен Хаг, ние сме најлошиот тим во историјата на Јунајтед! (Видео)

Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи на „Олд Трафорд“ и загуби во сценарио на кое веќе навикнаа присутните на театарот на соништата, па по поразот од Брајтон со резултат 1:3, Рубен Аморим извлече и еден брутален заклучок за својот тим.
Португалецот не успева да го подобри процентот на победи кој го имаше Ерик Тен Хаг, или поточно, Аморим има уште полош биланс на првите 10 натпревари какошто го води тимот во Премиер лигата.
– Од 10 одиграни натпревари во Премиер лигата, победивме само на два меча. Замислете како се чувствуваат фановите на Манчестер Јунајтед, замислете како звучи ова за мене. Добивме нов менаџер, но новиот менаџер губи повеќе и од претходниот. Свесен сум за тоа и не се кријам.
– Како што повторив во неколку наврати досега, не планирам да се откажам и да го променам тоа што го правам. Знам дека можеме да успееме, но мора да го преживееме овој тежок период. Не сум наивен и знам дека сме во фаза на преживување.
– Ние најверојатно сме најлошиот тим во историјата на Манчестер Јунајтед. Знам дека сакате наслови за своите насловни страни, но го велам ова бидејќи навистина мора да прифатиме дека сме лоши. Лоши сме и мора да го промениме тоа, – изјави Аморим на пресот.
Ruben Amorim: "We are the worst team maybe in the history of Manchester United!" pic.twitter.com/MJrFwFXg9w
— BeanymanSports (@BeanymanSports) January 19, 2025
-
НБА19 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија16 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП13 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија20 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)