Англија
Аморим го уништи Рашфорд со еден коментар: Попрво ќе го ставам…

Манчестер Јунајтед успешно го реши гостувањето кај Фулам во Премиер лигата, победа од 1-0 со погодокот кој во второто полувреме го даде дефанзивецот Лисандро Мартинез.
И оваа средба за Јунајтед мина без напаѓачот Маркус Рашфорд кој одново не беше повикан, односно не се најде на листата на менаџерот Рубен Аморим ниту за клупата за резерви.
Маркус точно од 12 декември нема одиграно ниту минута за екипата, а само еднаш беше на список, клупа и тоа против Њукасл на крајот на 2024 година. И понатаму отворена е опцијата тој да си замине во овој зимски преоден рок, меѓутоа засега е статус кво, а со своето залагање, однесување по се изгледа си прави проблем во сегашниот клуб.
Имено Аморим беше брутално и сурово искрен, па запрашан за ситуацијата со офанзивецот, тој директно одговори:
-Причината е тренингот, начинот на кој гледам што треба да прават фудбалерите на тренинзите, во животот. Тоа е секој ден, секој детал. Значи, ако работите не се променат, јас нема да се сменам, -рече Рубен притоа истакнувајќи дека попрво би го ставил во составот 63-годишниот тренер на голманите Жорге Витал, отколку Рашфорд, освен ако нешто не се промени.
-Преферирам така. Ќе го ставам Витал отколку играч кој не го дава максимумот секој ден. Така да нема да се менувам во тој дел, -порачал стратегот.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)