Англија
Аморим ги загрижи фановите на Јунајтед со најавата за иднината на еден фудбалер
Манчестер Јунајтед пред неколку дена се пофали со продолжувањето на договорот со Амад Диало и тоа е навистина одлична вест за клубот и фановите на премиерлигашот.
Иднината на Диало сега е појасна и тој сигурно ќе биде еден од најважните играчи на „Олд Трафорд“ наредните години, но менаџерот Рубен Аморим не може да гарантира дека истото ќе важи и за Коби Мејну.
Договорот на 19-годишниот англиски фудбалер истекува по две и пол години, а Јунајтед досега имал само неуспешни обиди да гарантира подолго останување на Мејну во клубот.
Агентите на Мејну бараат значително зголемување на платата во новиот договор, нешто што го базираат на актуелниот статус на фудбалерот во екипата, но истовремено му создава проблеми на Јунајтед во однос на бројките поврзани со финансискиот фер плеј. Ваквата ситуација отвора шпекулации за разделба на Мејну со клубот, а посебно заинтересиран за неговиот потпис е Челси.
– Нашата цел секогаш е да ги задржиме најдобрите фудбалери и оние кои се развиваат преку клубот. Но, знаеме во каква ситуација е во клубот и останува да видиме што ќе се случи, – рекол Аморим на прашањето за иднината на Мејну.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Светски првенства15 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Светски првенства16 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
АТП17 часа
Алкарас не му верува на Ѓоковиќ: Не велам дека правеше шоу со повредата, но…..
-
Светски првенства19 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ го прекина интервјуто за да ги испрати своите деца на спиење, малата Тара стана вирален хит (Видео)