Англија
Аморим ги „прецрта“ Рашфорд и Гарначо за градското дерби со Сити
Фудбалските фанови со нетрпение го очекуваат градското дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед и пресметката на две екипи кои не играат во посакуваната форма.
Веќе се познати и составите на двата тима, а посебно внимание привлекоа одлуките на Рубен Аморим на „црвената страна“ на дербито.
Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо не само што не се во првите единаесет, туку воопшто не се ни во тимот за градското дерби, одлука која сигурно ќе донесе многу коментари наредниот период.
Во однос на победата во Лига Европа, Португалецот направи четири замени, па Мегваер, Хојлунд, Маунт и Угарте ќе ги заменат Зиркзе, Маласија, Касемиро и Рашфорд.
Фил Фоуден се враќа во стартната постава кај Сити, а стартер ќе биде и Матеус Нуњес, додека Рико Луис ќе го пропушти натпреварот поради суспензија.
Сити: Едерсон, Вокер, Диаш, Гвардиол, Силва, Фоуден, Гундоган, Нуњес, Де Брујне, Доку, Халанд
Јунајтед: Онана, Мазрауи, Мегваер, Де Лихт, Мартинез, Далот, Угарте, Бруно, Маунт, Диало, Хојлунд
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација14 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија11 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…