Англија
Аморим ги коментирал „преговорите“ со Сити во пресрет на градското дерби
Манчестер Јунајтед им се враќа на домашните обврски, а по триумфот над Викторија Плзен, ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија и на градското дерби со Манчестер Сити.
За менаџерот Рубен Аморим ова ќе биде прво градско дерби откако ги презема „црвените ѓаволи“, а новинарите не пропуштиле да го потсетат дека пред одреден период се шпекулираше дека токму тој ќе го замени Пеп Гвардиола на клупата на Сити.
Англиските медиуми најавуваа дека Аморим ќе дојде во пакет со Уго Вијана, кој ќе биде нов спортски директор на актуелниот англиски првак, а досега исто така работеше во Спортинг Лисабон.
– Никогаш не сум водел преговори со Сити, Манчестер Јунајтед секогаш беше мојата единствена опција. Кога претставници на клубот дојдоа на преговори, знаев дека тоа е мојата посакувана шанса и уште тогаш имав идеја што треба да направам.
– Не сум зборувал со Сити или Уго Вијана за таков потег, – потенцирал Аморим, кој го најавил и градското дерби.
– Во моментов не можеме да се подготвуваме за ова дерби како за дуел на две екипи кои се борат за титулата. Двете екипи имаат проблеми, а јас се фокусирам на нашите. Знам колку им значи на фановите да победиме, но мене приоритет ми е да ја подобрам генералната слика за екипата и нашите настапи, – вели менаџерот на Јунајтед.
-
Македонија9 часа
Најдоски за статусот на „груб играч“: Сакав машка игра, но никогаш не сум повредил противнички играч
-
Италија18 часа
Консеисао брутален по првиот пораз на клупата на Милан: Ова не го разбирам, првиот чекор…
-
Англија9 часа
Киксот на Онана го дотолчи Јунајтед, Тотенхем загуби и од Евертон (Видео)
-
Германија12 часа
Шахин пред отказ во Дортмунд, поранешен тренер на Јунајтед фаворит за да го замени
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ објасни зошто одби интервју со Куриер по триумфот над Лехечка
-
Англија15 часа
Јунајтед се ослободува од играчот кој заборави да игра фудбал на „Олд Трафорд“
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ суреди уште еден Чех и закажа мега дуел со Алкарас на АО (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Ханси Флик вчудоневиден: Никогаш не сум доживеал вакво нешто, ова е ново за мене!