Поврзете се со нас

Англија

Аморим експресно му одговори на Руни: Ако бев наивен…….

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед приреди уште едно непријатно изненадување за своите навивачи на „Олд Трафорд“, бидејќи тимот испадна и од натпреварувањето кое лани го освои под водство на Ерик Тен Хаг.

Патот во ФА Купот заврши на домашен терен откако Јунајтед загуби на пенали од Фулам, а по новото разочарување кое им беше презентирано на навивачите, во медиумски клинч се фатија Вејн Руни и Рубен Аморим.

На најдобриот голгетер во историјата на Јунајтед не му се допадна изјава која ја даде Аморим веднаш по натпреварот во разговорот за „Би-Би-Си“, па така двајцата развија една своевидна дебата преку јавноста.

Руни порача дека премногу наивно е од Аморим да вели дека целта е еден ден да ја освои титулата во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед, особено во ситуација кога тимот во овој момент не изгледа доволно добро ниту за да биде во горниот дел од табелата.

Руни со замерка за Аморим по новиот неуспех на Јунајтед: Наивно е да дава такви изјави

Забелешката од Руни веднаш му беше проследена на Аморим на подоцнежниот прес, па Португалецот останал цврсто на својот став и му одговорил на легендарниот голгетер.

– Останувам на тоа што го кажав, целта е да ја освоиме Премиер лигата еден ден. Ќе биде наивно ако кажеме дека тоа ќе го направиме оваа сезона, или дека ќе бидеме еден од претендентите за тоа наредната. Во овие тешки моменти, лесно е да се зборува, сите луѓе се прават како да знаат се. Јас бев аналитичар кратко по крајот на мојата кариера и знам дека е лесно да се делат мислења.

– Нашата цел е да се освои Премиер лигата еден ден. Можеби тоа нема да биде со мене во клубот, но овој клуб треба да ја освои Премиер лигата какошто тоа го правеше претходно. Сакаме да бидеме подобри, знаеме дека сме во тежок момент, но не сум наивен. Да бев наивен, немаше да го менаџирам Манчестер Јунајтед на 40-годишна возраст, – порачува Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни