Поврзете се со нас

Англија

Аморим дознал дека има „крт“ во Јунајтед вечерта пред големото дерби на „Итихад“: Тоа беше непријатно изненадување

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Искусните англиските новинари го користат својот долг стаж и добрите конекции за да добиваат ексклузиви за различни теми во Премиер лигата, а најчесто информациите ги добиваат од самите фудбалери, или пак од вработени блиски до првиот тим.

Оваа пракса е добро позната во Англија и низ времето знаела да разлути голем број ценети тренери, па тоа на своја кожа доста рано го почувствува и Рубен Аморим.

Португалецот се одлучи за две сензационални одлуки пред дербито со Манчестер Сити и ги елиминираше од тимот Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо, но како што вели самиот, најнепријатното изненадување го добил 12 часа претходно.

Во текот на ноќта пред дербито, дел од англиските медиуми открија како ќе изгледа стартната постава на Аморим против лутиот ривал, а бидејќи испадна дека информацијата е точна, Аморим дозна дека има „крт“ во соблекувалната, или пак во потесното опкружување во Јунајтед.

– Ја дознав веста која ја пласиравте и не можам да знам од каде дојде до вас. Мислам дека невозможно е да се среди таа работа во ова модерно време. Тешко е да знаеме од каде протекла веста, но тоа не е добра работа. Тоа беше непријатно изненадување, но ајде да видиме дали ќе добијат информација и за следната стартна постава, – изјави Аморим по победата од 1:2 над Сити.

– Што се однесува до Рашфорд и Гарначо, тоа не беше казна поради недисциплина, ќе беше нависитна голем проблем ако беше така. Работата е јасна и за двајцата, тие мора да се борат за своето место во тимот, – додаде Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни