Поврзете се со нас

Англија

Аморим даде искрени изјави пред новинарите за преговорите кои ги води со Јунајтед (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SportingCP

Манчестер Јунајтед со сета сила тргна по Рубен Аморим и претставници на англискиот клуб го следеа натпреварот на Спортинг во Купот против Национал, па за очекување беше да има и англиски новинари на португалско тло после сите најави кои пристигнаа од двете земји.

Аморим е пик број еден на Сер Џим Ретклиф и неговите помошници и Спортинг како клуб отворено призна дека Јунајтед е подготвен да ја исплати откупната клаузула вредна 10 милиони евра, што во превод значи дека само прашање на време е кога Португалецот ќе биде назначен за официјален наследник на Ерик Тен Хаг.

По објавата на Спортинг, сега останува Јунајтед да ги договори сите детали со младиот стручњак, кој пак во обраќањето со новинарите по победата од 3:1, говорел искрено за преговорите кои сепак се уште не се завршени.

– Ќе мода да дадам објаснување за се ако си заминам. Клубот може да ја прифати понудата, но можеби и нема. Ќе биде појасно кога ќе имаме повеќе детали за соопштување. Фановите и играчите заслужуваат јасно објаснување ако на крајот си замина, но во овој момент не можам да зборувам повеќе за тоа.

– Мора да почекаме уште малку пред да објасниме се, набрзо се ќе биде многу јасно. Останува уште мојата одлука, ќе кажам се што треба кога ќе дојде време. Ќе дадам објаснување за се и ќе биде доста јасно, – изјави Аморим, кој потоа од англиски новинар беше запрашан дали ќе го води Јунајтед веќе на саботното дерби против Челси.

– Јас ќе бидам се уште тука, – изјави Аморим, а на потпрашањето дали е стопроценти сигурен, одговори со зборовите „не знам“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни