Американски тинејџер стана милионер со победа на „Фортнајт“ светското првенство

bugha-fortnite

Еспорт натпреварите земаат се поголем замав во целиот свет, а паралелно со зголемувањето на популарноста, расте и наградниот фонд на турнирите.

За разлика од класичните спортови, еспорт турнирите се отворени и за помлади учесници, а тоа значи дека тие можат да заработат вртоглави суми уште додека се ученици. Таков е случајот со 16-годишниот Американец Кајл Гирсдорф најпознат по никот „Bugha“, кој вечерва победи на најголемиот турнир за играта „Фортнајт“ и кој е побогат за неверојатни 3 милиони американски долари. Ова е прво издание на турнирот наречен Светско првенство за една од најпопуларните игри во светот, а на тенискиот стадион „Артур Еш“ во Њујорк се натпреварувале најдобрите 100 од над 40 милиони пријавени гејмери.

Како споредба, гејмерот Кајл заработи 6 пати поголема сума од денешниот победник на Тур де Франс, Еган Бернал. Второпласираниот и третопласираниот учесник на ова Светско првенство во „Фортнајт“ ќе добијат по 1,8 односно 1,2 милиони долари. На истата локација следниот месец ќе се игра тенискиот грен-слем Ју-Ес Опен, а победникот во машка конкуренција ќе заработи само 850.000 долари повеќе од 16-годишното момче од Пенсилванија.

Facebook Коментари