Поврзете се со нас

АТП

Американски тенисер со пцовка го испрати Федерер во пензија (Фото)

Објавено

на

Рожер Федерер добива топли и емотивни пораки од тениските фанови и своите колеги во изминатите неколку часа, сето тоа како резултат на објавата која ја пренесе ова попладне.

Швајцарскиот тениски великан објави дека заминува во пензија и дека претстојниот Лејвер Куп ќе биде последен турнир во неговата професионална кариера, вест која предизвика вистински земјотрес и бура во тенискиот свет, пред се поради големината и значењето на Рожер за спортот.

Покрај пораките од тениските ѕвезди, со емотивни објави се јавуваат и останатите спортисти од различни сфери, но сепак една шеговита објава на Тенис Сандгрен засега се издвојува од сите стандардни реторики.

– Рожер е еден од најголемите шампиони на сите времиња. Каква апсолутна легенда. Неверојатен спортсмен и амбасадор на играта.

– Привилегиран сум што водев битка со него. Исто така, кој го е.е, – порача американскиот тенисер Тенис Сандгрен.

Последниот шеговит коментар на Сандгрен сигурно е инспириран од болниот пораз кој го претрпе од Федерер во четвртфиналето на Австралија Опен пред две години, кога Швајцарецот спаси седум меч топки пред да направи пресрт за епска победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни